Заев – Која: Сите учесници да преземат одговороност за кристално чисти избори
Двете делегации заклучиле дека на претстојните претседателски избори сите учесници треба да покажат демократска зрелост и одговорност пред државата, за граѓаните слободно да го искористат своето правото на глас, а изборите да бидат фер и регуларни.
Мисијата на ОБСЕ е веќе активно вклучена, набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР ги следат активностите пред и за време на кампањата, работата на институциите, а како дел од набљудувањето, ОБСЕ/ОДИХР исто така ќе го следи и известувањето на медиумите
за време на кампањата.