Хан ќе ги посети Сараево и Белград за да разговара за реформите
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан утре ќе гo посети Сараево, а ден потоа и Белград и со тамошните власти ќе разговара за напредокот во реформите потребни за интеграција во ЕУ,соопштија од неговиот кабинет.
При посетата на Босна и Херцеговина Хан и неговите соговорници од политичкиот врв и од граѓанскиот сектор ќе разговараат за состојбата на социо-економските реформи кои земјата се заложи дека ќе ги направи за да напредува кон ЕУ, информираа од Кабинетот на Хан.
Следниот ден во Белград, Хан ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, како и со лидерите на опозицијата.
“Хан ќе повтори дека итно е потребен меѓупартиски дијалог и напредување кон демократското владеење и владеењето на правото“, соопштуваат од Кабинетот на еврокомесарот.