Трамп ја повика Русија да се повлече од Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Русија да ги повлече своите војници од Венецуела и предупреди дека "сите опции" се отворени.
"Русија мора да се повлече", изјави Трамп по средбата со Фабијана Росалес, сопругата на лидерот на Венецуела, Хуан Гуаидо, признаена од САД и повеќе од 50 други земји како привремен претседател на земјата.
Два руски воени авиони со околу 100 војници слетаа на периферијата на главниот град на Венецуела, Каракас. Запрашан како ќе ги натера руските сили да ја напуштат Венецуела, Трамп порача- "Ќе видиме. Сите опции се отворени".