Министерството за здравство бара решение за проблемите на матичните лекари
„Наидовме на силен отпор кај младите лекари во однос на барањето да се препишуваат и запишуваат пациенти на ординации, заради тоа што сметаат дека на тој начин ќе зависат од сопствениците на ординациите
и нема да имаат доволно слобода да излезат сами на пазарот, да отворат свои ординации и да соберат свои пациенти. Затоа и размислуваме на некоја хибридна форма на модел таму каде што е навистина голем недостатокот на лекари“, изјави Филипче по свечената академија на Универзитетот „Гоце Делчев“.