Половина германски инвеститори со лоша оценка за економијата
Сконцентрираноста кон надворешната политика, го одвлекла вниманието од економијата, покажува последната анкета за деловната клима спроведена меѓу членовите на македонско-германското стопанство. Во однос на економската ситуација, 56 проценти од инвеститорите за минатата година дале лоша оценка, а за годинава се оптимисти, иако 54 проценти не се надеваат на поголеми промени.
Според анкетата што ја презентираше денеска директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, 76 отсто повторно би инвестирале тука, а 61 процент од компаниите сакаат во земјава да се воведе евро.
Клучните проблеми, како што напомена, и натаму се недостигот на стручен кадар, недовербата во судството, неефикасната администрација, даночните оптоварувања и непредвидливата политика кон стопанството.Во анкетата, позитивно се оценети трошоците на труд, продуктивноста и подготвеноста на персоналот за работа.