Се урна воен авион во Казахстан, загинаа 13 лица
Казахстанското министерство за одбрана соопшти дека 13 лица загинале кога се урнал воен хеликоптер на лет за обука. Хеликоптерот бил дел од поголема група на воени хеликоптери кои се упатиле од Актау до Шимкент бо близина на границата со Узбекистан. Се уште не е јасно дали некој ја преживеал несреќата, а се истражуваат и причините.