Меј најавила оставка ако се усвои договорот за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј најавила дека ќе се повлече од функцијата доколку нејзиниот договор за Брегзит помине во третото гласање во Парламентот со цел да добие поддршка од противниците во Конзервативната партија, соопштил пратеник кој сакал да остане анонимен.
Според извори од партијата, Меј не посочила конкретен датум за нејзината оставка, но тоа би можело да се случи наскоро. Конзервативните пратеници сакаат поцврст договор за напуштање на ЕУ од оној на Меј и порачаа дека ќе го поддржат само доколку таа понуди оставка од функцијата. Се уште не е јасно како и кога Британија ќе ја напушти ЕУ, по речиси три години од референдумот за Брегзит.