И по трет пат без договор за СЈО, ќе има нова средба
Претставниците на власта и опозицијата, кои учествуваа на средбата вечерва изјавија дека разговорите продолжуваат и е оставен простор за консултации. Дополнително ќе биде утврден нов термин за средба.
Министерката за правда Рената Дескоска – Треневска се надева дека за Законот ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство и оти законот ќе биде донесен пред изборите.