Турција - Набавката на ракетен систем од Русија е договорена работа
„Се согласивме со Русија и на крајот потпишавме договор. Овој договор е валиден, сега разговараме кога ќе биде испорака“, изјави Чавушоглу.
Тој рече дека Анкара не планира да го продаде ракетниот систем С-400 на други страни.
Вчера четворица американски сенатори, и републиканци и демократи, предложија донесување закон со кој се забранува испорака на американски борбени авиони од типот Ф-35 на Турција додека американските власти не потврдат дека Анкара нема да го преземе системот С-400. Чавушоглу рече дека Турција добива контрадикторни изјави од САД, додавајќи дека Анкара ги исполнила сите обврски поврзани со Ф-35.
Тој, исто така, рече дека Анкара се противи на неодамнешниот потег на САД за признавање на израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина.