Манчевски - Десет отсто од информациите во медиумите се лажни вести
Манчевски и грчкиот министер за дигитални политики, телекомуникации и медиуми, Никос Папас нагласија дека заедничката конференција е потврда за пријателството помеѓу Северна Македонија и Грција, како резултат на Договорот од Преспа.
Манчевски вели дека лажните вести биле моќна алатка на непријателите на Договорот од Преспа.
„Можеби треба да размислиме да доделиме Нобелова награда за лажни вести. Има многу кандидати и тешко ќе биде да го избереме победникот“, изјави грчкиот министер Папас.
Тој вели дека заедничка цел е да се направи мост за соработка со неутрални и точни информации.