ЕК бара Романија да не го попречува учеството на Ковеси во трката за обвинител
„Клучно е кандидатите да бидат третирани на фер начин во овој процес, затоа ЕК ја повикува романската Влада и власти целосно да го почитуваат принципот на чесна соработка во процедурата на селекција на европски обвинител, сите кандидати треба да бидат во можност непречено да учествуваат во сите етапи на процедурата“, изјави Маргаритис Шинас, портпарол на ЕК.
Поранешната романска обвинителка, Лаура Ковеси, беше отстранета од својата позиција од страна на романската Влада, чекор кој беше осуден како мешање во независноста на судството. ЕК во својот последен извештај за напредокот на Романија во судските реформи
констатираше загрижувачко назадување.