Заев очекува Вашингтон до октомври да го ратификува Протоколот за НАТО
Тој денеска во Охрид истакна дека процедурите за Протоколот мошне брзо завршиле во Стејт департментот и документот веќе е доставен до Сенатот.
„Тоа е постапка која трае, поприлично е сложена, значи не очекувам дека ќе се случи за една недела, но очекувам дека ќе заврши до крајот на летото, септември, октомври“, рече Заев и додаде дека тоа е експресно брзо во споредба со протоколите кои Вашингтон ги ратификувал за претходните членки.