САД сметаат дека независно СЈО е важно за враќање на довербата во судството
„САД сметаат дека е многу важно ингеренциите и независноста на СЈО да бидат задржани и во иднина. Борбата против корупцијата и злоупотребата на службената положба да продолжи, а одговорноста да биде почитувана. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат
да имаат канцеларија што ќе ја врати нивната верба во судството и владеењето на правото“, истакна Швајзер Блум.
Во однос на преговорите што се во тек, таа посочи дека сите треба да имаат на ум дека е многу важно за секој граѓанин на Северна Македонија да има доверба во институциите и да верува во независна и еднаква правда.
Прашана дали тоа значи дека го поддржува сегашниот предлог закон за СЈО, Швајзер Блум, рече дека силно верува и оти искуствата од останатите држави покажале, дека независна канцеларија на СЈО со можност до крај да ги заврши процесите е важна за враќање на
владеењето на правото и независно судство.