Десетина пожари низ Македонија
во Тетовско кај селата Седларево и Лакавица, општина Желино.
Сè уште е надвор од контрола пожарот што беснее на отворен простор во село Саса. Поради силниот и постојан ветар, како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица Малин Трајчевски постои можност да се прошири во атарот на маало Траканица и Аџиите.
Голем шумски пожар беснее меѓу селото Малино, во општина Лозово и селото Живиње, општина Куманово.Пожар има и во Преспа, над туристичката населба Сирхан.