Тачи: Ќе го поддржиме Пендаровски и покрај осудителната пресуда за мене
“Ние не смееме да го повлечеме дадениот збор бидејќи веќе решивме да го подржиме кандидатот Пендаровски. Тоа што се случи со казната е неправда и нема врска со правдата. Ние ќе продолжиме по патот на интеграцијата во ЕУ и НАТО и убедени сме дека Македонија добро и сериозно се движи по овој пат”, изјави Тачи.
На денешната седница на централното претседателство, генералниот секретар на ДПА, Имер Алиу, бил избран за претседател наформираниот централниот изборен штаб за претстојните претседателски избори, како и соодветните штабови по ограноците низ државата, информираше портпаролот Беким Фазлиу.
Тачи на почетокот од месецот доби неправосилна казна од Судот во траење од три години и два месеци затвор додека тогашниот предлог на ДПА во Државната изборна комисија Бедредин Ибраими четири години и шест месеци, како виновни за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.