Германската полиција уапси десетмина поради сомневање за поврзаност со тероризам
Oбвинителството соопшти дека оваа група е осомничена за поврзаност со таканаречената Исламска Држава, било како симпатизери или како приврзаници и планира "сериозен чин на насилна субверзија", иако сè уште не знае кои би биле целите.
Обвинителството се уште не знае дали сите оние уапсени ќе бидат кривично гонети. Се наведува дека еден осомничен е од Таџикистан, а другите националности не се соопштуваат.