Продолжуваат протестите на опозицијата во Србија
Во Белград синоќа се одржа 17-тиот протест „Еден од пет милиони“, што почна на платото пред Филозофскиот факултет, а заврши пред зградата на Владата во Србија. Пред зградата на РТС се одржа перформансот „Дневник на слободна Србија“, а протестот заврши со најава дека граѓаните следната сабота ќе одат од зградата на Владата до телевизија Пинк. На „големи марш“ до ТВ Пинк граѓаните ги повика актерот и член на Демократската партија (ДС), Бранислав Лечиќ. Лечиќ во име на собраните ги повтори барањата за оставка на државниот врв, разрешување на раководството на РТС и создавање на услови за фер и слободни избори.