Времето денеска сончево и топло
Времето денеска во земјава ќе биде сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринските температури на места се под и околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Минималната температура се движи од минус пет до три степени, а дневната од 14 до 24 степени.