Претседателски избори во Украина
Во Украина денеска се одржуваат претседателските избори на кои учествуваат дури 39 кандидати, од кои најголема поддршка ужива комичарот, Володимир Зеленски, актер кој ја толкува улогата на претседател во популарна ТВ серија во земјата.
Според истражувањето на јавното мислење, зад него се актуелниот претседател, Петро Порошенко и лидерката на опозицицијата и поранешна премиерка, Јулија Тимошенко.