Локализиран пожарот кај тетовско Седларево, активни уште неколку пожари низ земјата
Пожарот кај тетовското село Седларево е локализиран, а под контрола се ставени пожарите во атарите на селата Горно Ботушје и Црешово во општина Македонски Брод. Од Општина Бутел е побарано ангажирање на авоините на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за гасење на пожарот кај Љуботенски Бачила, информира ДЗС.
Оттаму посочуваат дека вработени во Шумското стопанство од кумановскиот регион од раните утрински часови интервенираат на активни жаришта на опожарената нискостеблеста дабова шума од вчерашниот пожар во атарот на селата Живиње и Сушица.
Во струмичкиот регион активни се пожарите во атарите на селата Свидовица и Куклиш со кои е опожарена мешана шума, нискостеблеста даб и габер на површина од околу пет хектари.
Во општина Македонски Брод активен е пожарот во атарот на селото Рамне каде гори ниска деградирана шума и смрека.
На територијата на Општина Чашка има два активни пожари и тоа во атарот на селото Црешнево каде интервенираат Шумското стопанство Бабуна – Велес и Јавното комунално претпријатие Тополка – Чашка и во атарот на село Мокрени .
Се уште е активен и пожарот во близина на манастирот кај кочанското село Пресека каде е опожарена борова шума.Папрат и дабова шума се уште горат кај беровското село Владимирово