Се враќаат аудио-касетите
Француската компанија Мулан отвори нова фабрика за производство на касети по порастот на побарувачката за овој ретро носач на звук од страна на уметниците, меѓу кои и Аријана Гранде и Џастин Бибер. „Reputation“ на Тејлор Свифт, „4:44“ на Џеј Зи, „Lust For Life“ на Лана дел Реј, како и музиката од филмот „Чувари на галаксијата“ се понудени на касета и во цеде-формат и се продаваат одлично.
Компанијата Мулан и пред 20 години правеше аудио-касети, а сега ќе произведува аналогни аудиокасети под трговската марка „Рекординг д мастерс“. Нејзиниот директор Жан Лук Рено е оптимист.
„Земете го за пример греењето: имате радијатори дома. Удобно е, дигитално - но имате можност и да се греете на добар оган. Целта е задоволството. Тоа е касетата или винилот“, вели Рено.