М-НАВ: Пилотот на цесната имаше дозвола за слетување на скопскиот аеродром
“На воздухопловот цесна П210Н кој вчера попладне се уран во близина на Солунска Глава му беше одобрено да се упати кон скопскиот аеродром согласно одобрениот план за лет, каде алтернативен аеродром бил аеродромот во нашиот главен град”, се вели во демантот
од македонската навигација.
М-НАВ апелираат во интерес на истрагата и од почит кон загинатите и нивните најблиски да не се шират понатамошни дезинформации. Директорот на М-НАВ и претседател на УО Николче Тасевски, за МИА изјави дека воздухопловната навигација целосно и транспарентно соработува со Комитетот за истраги на несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството и Јавното обвинителство за поефикасно спроведување на истрагата и утврдување на причините за несреќата.