Иранците ги обвинуваат властите за поплавите
Иранците денеска одржуваат протести затоа што не се задоволни од тоа како владата се справува со големите поплави во западниот и југозападниот Иран, во кои загинаа десетици луѓе, а илјадници ги напуштија своите домови.
Поплавите предизвикани од повеќе неделните поројни дождови се проширија низ стотици градови и села во 20 региони. Во провинците Лорестан и Кузестан, во кои се произведува нафта, евакуирани се десетици градови и села и има масовни оштетување на домовите и инфраструктурата.
Илјадници луѓе со денови се наоѓаат под отворено небо со малку храна или топла облека додека дождовите продолжуваат. Демонстрантите, исто така, се гневни поради одлуката на владата за ослободување на вода од големите брани, кои се речиси преплавени, велејќи дека со ова ќе бидат уништени нивните домови, обработливо земјиште и добиток.