Порошенко и Зеленски на дебата на стадионот во Киев
Актуелниот претседател на Украина, Петро Порошенко, го прифати повикот да дебатира со претседателскиот кандидат на спортскиот стадион во Киев, откако беа објавени конечните официјални резултати од гласањето во првиот круг од изборите на 31 март. Володимир Зеленски кој освои најмногу гласови во првиот круг го повика на националната телевизиска дебата која би се одржала на стадионот "Олимписки" во Киев пред вториот круг од изборите закажани за 21 април
"Правилата за дебати се утврдени со Законот за претседателски избори, читајте ги", рече Порошенко во видео-пораката што ја објави денеска
"Дебатите може да се одржат во просториите на националниот радиодифузен сервис и да бидат емитувани од сите канали за десетици милиони луѓе, но нека биде на стадионот ако сакаш. Ќе те чекам, Володимир Александрович", рече Порошенко.
Порошенко на 31 март изјави дека е задолжително за првите двајца кандидати во првиот круг да одржат јавна дебата пред изборите во вториот круг. Зеленски рече дека е подготвен за дебата под услов да се одржи на стадионот Олимписки. Според регулативите за дебата на украинската Централна изборна комисија,настанот не може да се смета за официјална претседателска дебата, освен ако не е изведена во студио на националниот радиодифузер.