Нападната воена база во Авганистан
Најмалку 20 војници и полицајци загинале при бомбашки напад во северозападната провинција Бадгис во Авганистан. Надлежните соопштија дека напаѓачите се талибански борци кои пресретнале војници во близина на безбедносните контролни пунктови во областа Бала Мургаб во раните утрински часови. Талибанските борци презеле контрола врз одредени делови од областа, но штабот на авганистанската национална армија и полициската база се уште се под контрола на власта.