Мицковски: Нема напредок во преговорите за СЈО
Нема напредок во преговорите меѓу работните групи за Специјалното јавно обвинителство, изјави денеска од Штип, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој посочи дека министерката за правда Рената Дескоска нема менаџерски капацитети и дека тоа е една од причините за проблемите во преговорите.
„Во рамките на работните групи немаме напредок, туку напротив имаме класична манифестација на неменаџерски капацитети од страна на министерката за правда, Дескоска. Таа сé уште се служи со оние празни фоскули, или празни наративи од времето кога СДСМ беше во опозиција. Но, денеска таа е министер во едно министерството и покрај тоа што е професор на Правниот факултет треба да има и менаџерски капацитети,“ вели Мицкоски.
Тој истакна дека во моментов не е оптимист за преговорите, но смета дека треба да им се даде шанса, затоа што, како што вели за ВМРО-ДПМНЕ важно е да немаме селективна правда.