Словачка го ратификува Протоколот за македонското членство во НАТО
Словачкиот Парламент денеска го ратификуваше Проколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Со ова Словачка е 11-та земја-членка на НАТО што го ратификуваа Протоколот. Претходно денеска Протоколот денеска го ратификуваше и полскиот Парламент.
„Парламентите на Полска и Словачка го ратификуваа протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Одиме чекор по чекор кон целта – Република Северна Македонија, членка на НАТО!“ напиша на својот профил на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.