Старува судскиот процес во Киев против шефот на РИА Новости
Шефот на руската државна новинска агенција Кирил Вичински е обвинет за објавување на „анти-украински текстови “ на почетокот на судскиот процес за предавство во судот во Киев. Судското рочиште стартуваше после една година откако Вичински беше приведен од украинската безбедносна служба поради обвинувања дека претставништвото на РИА Новости во Украина е дел од „хибридната војна со информации“ што ја води Русија против Украина. По сослушувањето на обвинетиот од страна на обвинителот рочиштето ќе продолжи на 15 април.
Официјалните претставници на украинските безбедносни служби соопштија дека Вичински поседувал двојно, руско-украинско државјанство и дека добивал финансиска поддршка од Русија вредност од 53 илјади евра месечно и дека парите му пристигнувале преку Србија.