Ансамблот ЦАЈТФЛУС со концерт „Грац го среќава Скопје“
„Грац го среќава Скопје“ е насловен концертот на австрискиот ансамбл ЦАЈТФЛУС што ќе се одржи на 6 април во Македонската филхармонија и на кој ќе бидат изведени дела на повеќе композитори меѓу кои и нашите Андреевска и Шахов, при што неговото „Лебдечка патека“ ќе ја има и светската премиера.