Шарец: Хрватска е далеку од исполнувањето на критериумите за Шенген
“Што се однесува до шенгенот, Хрватска е уште далеку од исполнување на критериумите за членство и во таа смисла мора уште многу да направи”, рече Шарец во интервју за словенечката телевизија ПОП-ТВ.
Одговарајќи на прашањето дали Словенија ќе го блокира членството на Хрватска во Шенген зоната поради нерешеното гранично прашање и арбитражниот спор, тој рече дека „се уште се далеку од точката во која би можело да се зборува за некаква словенечка блокада“.