Руската црноморска флота на готовс поради вежбата на НАТО „Морски штит“
„Извидувачките бродови, како и групите за поморски напади, крајбрежните ракетни системи Бастион и Бал и поморската авијација се ставени во зголемена готовност во одредени подрачја“, се наведува во соопштението на Центарот.
Во југозападниот дел на Црно Море денеска почна НАТО вежбата „Морски штит 2019“ во која учествуваат бродови и авиони на САД, Бугарија, Грција, Канада, Холандија, Романија и на Турција, заедно со претставници на грузиските и украинските вооружени сили.