И бугарското обвинителство ќе ја истражува авионската несреќа на Солунска Глава
Софиското обвинителство соопшти дека ќе бидат сослушани вработени во дирекцијата за конзуларни односи во бугарското МНР кои се запознаени со случајот, како и претставници на надлежните за цивилниот воздушен сообраќај во Северна Македонија, во врска со информациите за силна турбуленција и за изгубена контрола на пилотот врз воздухопловот, објави бугарската агенција Бгнес.
Обвинителството ќе побара информации за спроведените експертизи во Северна Македонија, а се разгледува и можноста за дополнително утврдување на евентуален дефект на авионот. Истрага за авионската несреќа почнаа и надлежните во Северна Македонија.