Вуцис: Владата требаше подобро да ги објасни придобивките од Преспанскиот договор
На прашањето дали потпишаните договори за време на посетата на Ципрас на Северна Македонија и грчкиот интерес за инвестиции можат да придонесат за нормализирање на реакциите во грчкото општество, Вуцис вели дека владата наместо договорот да му го објасни на народот, го стави во мирување со мислата дека позитивните работи на договорот се очигледни, јави дописничката на МИА од Атина.