За САД Иранската револуционерна гарда е терористичка организација
Ова е првпат САД да прогласат дел од друга влада за терористичка организација, рече Трамп. Откако вчера намерата на Трамп беше објавена во медиумите, иранските власти луто реагираа, велејќи дека американската војска ќе ја изгуби безбедноста во регионот, ако Трамп го преземе тој чекор. Како одговор на американската одлука, иранскиот Врховен совет за безбедност ги прогласи американските воени сили во Западна Азија за терористичка група.
Револуционерната гарда е паравоена организација формирана во времето на Исламската револуција во Иран во 1979 со цел да ја брани новата влада во таа земја. Гардата му одговара единствено на лидерот на Иран и делува независно од регуларната иранска војска.