Џонсон: Не смееме да се согласиме на трајна царинска унија со ЕУ
Според Џонсон, воспоставувањето на царинска унија меѓу Велика Британија и ЕУ, како што предложи лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, би ја „поробило” земјата.
„Не смееме да се согласиме да бидеме членка на ЕУ без право на глас, врз основа на капитулацијата што ја предложи Џереми Корбин. Тоа не може, не смее и нема да се случи“, наведува Џонсон во текстот.