Уапсени околу 2500 демонстранти во Судан
Граѓаните повеќе од три месеци бараат смена на владата, обвинувајќи ја за лошата економска состојба, бидејќи во земјата има недостаток од горива, а основните продукти за живот поскапуваат. Башир на 22 февруари прогласи вонредна состојба во земјата, но одби да си даде оставка. Протестите првин започнаа против поскапувањето на лебот, а потоа преминаа во антивладин протести.