Авганистанската влада ќе присуствува на разговорите со талибанците во Катар
Омар Дауџаи, мировен пратеник на авганистанскиот претседател Ашраф Гани, вчера изјави дека владина делегација ќе оди во Доха да размени мислење со талибанците. Дауџаи рече дека владата ќе го финализира составот на делегацијата до 10-ти април, а преговорите се закажани за 14 и 15 април. Талибанците, пак, изјавија дека оние кои ќе присуствуваат на разговорите во Доха нема да ја претставуваат владата, туку дека „учествуваат во лично својство“.