Лукашенко поканет на вечера во Брисел
Белорускиот претседател Александар Лукашенко е поканет на вечера чиј домаќин е претседателот на Европскиот совет Доналд Туск за прослава на десетгодишнината од Источното партнерство во Брисел. Според неколку извори на Радио Слободна Европа од Брисел, на прославата покрај Лукашенко поканети се и лидерите на Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија и Украина. Овој самит под покровителство на ЕУ ќе биде првиот на вака високо ниво на кое е поканет Лукашенко, откако на претходните четири самити беше исклучен.
Лукашенко владее 25 години во Белорусија која беше нарекувана „последна диктатура во Европа“ од Брисел. Во 2010 година Брисел и наметна санкции на Белорусија по претседателските избори, но во 2016 година санкциите беа укинати поради одлуката на Белорусија да ослободи политички затвореници.