Одложено судското рочиште за Титаник
Одложено е денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Причина за тоа е отсуството на судијата кој го води предметот Огнен Ставрев. Следното е закажано за 23-ти април. „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО. Станува збор за околу 5.900 материјални докази. Во овој предмет за злосторничко здружување и изборни нерегуларности се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, потоа поранешниот владин секретар Кирил Божиновски, поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, пратеникот Илија Димовски, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и десетина други.