„Тврдина 2“: Документи и регистри од МВР во црни вреќи запалени во „Брест“
Во „Тврдина 2“ првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК. На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзани со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.