Мирјана Марковиќ ќе биде погребана во Пожаревац
Вдовицата на поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија Слободан Милошевиќ и некогашната претседателка на политичката партија Југословенска левица, Мирјана Марковиќ, почина во неделата, на 14-ти април во Русија, на 77 годишна возраст.
Таа беше во Москва од 2003 година, избегнувајќи на тој начин да се појави на суд во Србија, поради сомневањата за корупција, а во 2006 година доби политички азил во Русија. Српскиот Интерпол издаде меѓународна потерница за Мирјана Марковиќ во 2005 година, бидејќи таа не се појави на судењето за злоупотреба на службената положба.