Утре стартува теренска вакцинација во училиштата
Мобилни тимови од Министерството за здравство од утре почнуваат со теренска вакцинација, изјави министерот за образование Арбр Адеми.
По најавата дека невакцинирани деца нема да бидат примени ниту во градинка ниту во училиште, Адеми посочи дека сорбаотуваат со Министертвото за здравство и работат на хармонизација на Законот.
Тој додаде дека ситуацијата со морбилите е алармантна, што само по себе подразбира и преземање на агресивна кампања за вакцинирање. Адеми уверен дека теренската вакцинација ќе ги даде очекуваните резултати и дека новодонесеното решение ќе биде во соогласност со уставните одредби.