Слободата на медиумите во пораст, но ситуацијата не е розова
Република Северна Македонија е на 95-тото место, според последниот светски индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“ или за 14 места погоре во однос на претходниот извештај. Стручната фела вели дека ова е добро, но оти медиумската сфера допрва треба да се унапредува.