Управниот суд уважил една жалба за изборниот процес
"Во петокот уважена е тужбата на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со која се поништува одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата од 17 април 2019 година за отворање на постапка за истражување на исплатата на субвенции", изјави Сејдини.
Отфрлени се двете тужби на 1ТВ против ценовникот на ДИК за изборно рекламирање и една која се однесува за заштита на избирачко право поднесена од страна на Стево Митевски со која бара упис во Избирачкиот список. Сејдини посочи дека нема да ги коментира одлуките, кои се образложени и јавно достапни на веб страницата на Управниот суд.
Претседателот на Управниот суд посочи дека очекува и вториот круг од претседателските избори да мине во најдобар ред како и првиот, наведувајќи дека не очекуваат тужби против како што рече вчерашниот мирен изборен ден.