„Маџар телеком“ одложен за 8 мај поради здравствени проблеми на еден од сведоците
Поради здравствени проблеми на сведокот Стевица Јосифовски, денешното рочиште за предметот „Маџар телеком“ на Специјалното јавно обвинителство, се одложи за 8 мај, кога ќе сведочи професорот Борче Давитковски.
Сведокот Јосифовски ќе сведочи на 19 јуни по барање на обвинителката Лиле Стефанова, со образложение дека треба да се подготви за неговото сведочење, бидејќи истиот во 2009 година во Јавното обвинителство дал исказ дека во тек е независна внатрешна истрага одобрена од одборот на директори на компанијата, и нагласил дека по истрага ќе можел да се произнесе.