Косовската партија Самоопределување утре ќе протестира во Берлин
Протестот, како што соопштија од партијата, ќе се одржи пред канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, која заедно со францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на самитот. Мотото на протест е „Против пазарењата на Тачи и Вучиќ“ и на него се повикуваат да учествуваат косовските иселеници во Германија