Спасовски: Мирен изборен ден со неколку неправилности
„Граѓаните ја покажаа својата зрелост, им честитам. Јас се заблагодарувам на сите претставници на МВР, кои овозможија целиот изборен процес да се спроведе мирно и безбедно“, рече Спасовски, додавајќи дека се евидентирани неколку случаи на прекршување на изборниот процес.