Обработени 33 отсто од избирачките места, води Пендаровски
Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти. На половина час пред затворањето на гласачките места во вториот круг на претседателските избори на гласање излегле 795,577 граѓани според обработени 97,61 процент од 3.428 избирачки места.