Сиљановска - Давкова: Пендаровски победи, ама јас не ја изгубив битката
„Велат дека ние жените приметуваме се. Ми велат дека сум се подмладила откако почна кампањата. Се подмладив од вас граѓаните. Денешниот ден ми личеше на Вивалди и „Четирите годишни времиња“. Да добиете 370.ооо е голема благодарност, а да станете позната по улиците како Гога е нешто ново во политиката во Македонија“, изјави Сиљановска - Давкова.
Таа додаде не се срами што учествувала во изборите и дека овие избори биле школо за неа и додаде дека би сакала политиката во Македонија да биде уметност, но, како што рече, тоа не е така, бидејќи политиката во Македонија се уште била во рацете на партиите.
„Прашањето дали резултатот на победникот во однос на победениот води кон помирување или означува една поделба внатре во државата по повеќе основи, поделба која има карактер на интраетничка и прашање е дали синтагмата Одиме напред навистина го ветува тоа“, рече Сиљановска - Давкова.