Неофицијални резултати: Георгиевски од СДСМ - нов градоначалник на Охрид
Според преброените 29 илјади или 90 проценти од гласовите, Георгиески има убедлива предност од речиси четири илјади гласа пред противкандидатот на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски. Во изборниот штаб на СДСМ во Охрид веќе се слави, оттаму што сегашната разликата во гласовите укажува на извесна победа на градоначалничките избори.